Денеска и утре се играат полуфиналните натпревари во Купот на африканските нации. Вечерва (20:00 часот) на „Јапома“ стадионот во Дуала ќе се одигра првиот полуфинален дуел помеѓу селекциите на Буркина Фасо и Сенегал, селекции кои никогаш не биле шампиони на Африка.
Утре (исто така од 20 часот) на мегдан ќе излезат домаќинот Камерун и Египет, репрезентации кои вкупно имаат 12 титули на африканскиот континент (Египет седум, а Камерун пет).
По бавниот старт, репрезентацијата на Сенегал почна да наликува на вистинска екипа.Финалистот од минатиот КАН со само еден постигнат гол и пет бода се пласира во осминафиналето, а таму почна да „игра“ фудбал. Со 2:0 ги совлада Зеленортските острови (2:0), а потоа Екваторијална Гвинеја (3:1) и се најде во полуфиналето.

Буркина Фасо после 2017 година повторно е во полуфинале на КАН. Претходниот турнир го пропушти, но оваа година се врати со стил. Во нокаут рундата ги елиминира Габон на пенали, а потоа со 1:0 го совлада Тунис.
Сенегал е фаворит на хартија, но тоа однапред нема да ги однесе во финале. И Тунис беше фаворит, па изгуби и Буркина Фасо отиде понатаму.
Второто полуфинале ќе биде уште повозбудливо со оглед на тоа дека се среќаваат „тешкашите“ во Африка. Големи ѕвезди играат и за едната и за другата екипа, па очекуваме интересен и возбудлив меч.
Камерун како домаќин сака титула, игра напаѓачки фудбал – Абубакар и Токо Екампи се лидери на листата на стрелци на Африканскиот куп на нациите со шест односно пет гола.

Камерун беше шампион во 2017 година, а минатото издание на КАН го заврши во осминафиналето. Сега како домаќин очекува да го врати трофејот.
Египет е најтрофеен, но последен пат се радувал на титулата во 2010 година. Од тогаш никако да го крене пехарот. Во 2019 беа домаќини на турнирот меѓутоа разочараа. Во 2017 година беа финалисти, претходните три изданија не се ни квалификуваа.
Сега го имаат Садио Мане како лидер, а и неколку други квалитетни фудбалери кои можат да го обезбедат трофејот.
Финалето се игра на 6 февруари на „Олембе“ стадионот во Јаунде.
QUARTS DE FINALE ✅
DEMI-FINALES ⏳
Beaucoup de divertissement à suivre 🤩#TotalEnergiesAFCON2021 | #CAN2021 | @1xbet_ENG pic.twitter.com/GEFwr9MufV
— #TotalEnergiesAFCON2021 🏆 – FR (@caf_online_FR) January 30, 2022










