Контроверзниот дефанзивец Робен Семедо го напушти Олимпијакос и ќе ја продолжи кариерата во родната Португалија. Неговиот нов клуб е Порто со кого потпиша договор за позајмица до крајот на сезоната. Трансферот е вреден половина милиони евра, а ако успее да задоволи Порто ќе го откупи договорот за 7 милиони евра.
Пред неколку денови Семедо беше претепан пред својот дом во Атина од непознати напаѓачи. Летото 2021 година тој беше обвинет за насилство врз девојка во Грција но беше пуштен со кауција.
Во јануари 2018 година тој извесен период лежеше во затвор поради киднапирање, закани и обид за убиство. По неколку месеци во затвор тој беше пуштен со кауција, но доби забрана за влез во Шпанија во наредните осум години.










