Kонтроверзниот Семедо „избега“ од Грција и се врати во Португалија

260

Контроверзниот дефанзивец Робен Семедо го напушти Олимпијакос и ќе ја продолжи кариерата во родната Португалија. Неговиот нов клуб е Порто со кого потпиша договор за позајмица до крајот на сезоната. Трансферот е вреден половина милиони евра, а ако успее да задоволи Порто ќе го откупи договорот за 7 милиони евра.

Пред неколку денови Семедо беше претепан пред својот дом во Атина од непознати напаѓачи. Летото 2021 година тој беше обвинет за насилство врз девојка  во Грција но беше пуштен со кауција.

Во јануари 2018 година тој извесен период лежеше во затвор поради киднапирање, закани и обид за убиство. По неколку месеци во затвор тој беше пуштен со кауција, но доби забрана за влез во Шпанија во наредните осум години.

ПретходноВо едното полуфинале тимови со вкупно 12 титули, на другото тимови без ниту еден трофеј
СледноЕкс-младински репрезентативец на Англија доби дозвола да игра за Германија