Бутел рутински против Радовиш

128

Бутел Скопје ја оправда фаворитската улога против Радовиш, на домашен терен славеше со 26-22 во рамките на 17. коло во Супер-лигата. За избраниците на Кристијан Грчевски ова беше 12. победа оваа сезона, која засега го остава на третото место на табелата.

Гостите беа рамноправен противник само на стартот, водеа со 4-5. На другата страна „бутелци“ со серија од 6-0 дојдоа на плус пет (10-5). На одморот беше 13-10.

Ракометарите на Радовиш и покрај големата желба не успеаја да дојде до ново изедначување, домаќинит влезе во ритам, во 54. минута беше 25-18, позитива за мирен финиш и важен триумф.

Мајиќ беше стрелец на шест гола, Митев запиша четири. Кај Радовиш Постолов и Ристов имаа по шест гола.

ПретходноБарселона го избриша Дани Алвес за Европската лига!
СледноПролет ја урна Струга во второто полувреме!