Поранешниот младински англиски репрезентативец Феликс Нмеча ќе може да игра за А селекцијата на Германија откако доби дозвола од ФИФА да ја смени репрезентацијата. 21-годишниот фудбалер израсна во академијата на Манчестер Сити, но сега игра за Волфзбург во Бундес лигата. Нмеча е роден во Германија, а како дете се преселил во Англија каде што фудбалски се развива.
Во Волфзбург то игра заедно со својот брат Лукас Нмеча кој дебитираше за националниот тим на Германија минатата година.
Инаку Феликс играл за У16 тимот на Англија, па за У18 тимовите на Германија и Англија и за У19 тимот на Англија.
Тој доби дозвола да игра за националниот тим на Германија доколку биде повикан Ханси Флик.










