Германскиот олимписки комитет денеска објави какви ќе бидат финансиските награди за нивните олимпијци кои ќе се вратат со медал од Зимските олимписки игри во Пекинг кои официјално започнуваат утре.
Според информацијата потврдена од Германскиот олимписки комитет, секое злато на Игрите во Пекинг ќе го наградат со бонус од 20.000 евра. Среброто ќе донесе премија од 15.000 евра, а бронзените медалисти ќе добиваат по 10.000 евра.
Интересно е што и оние германски спортисти кои ќе имаат пласман од 4. до 8. Место ќе добиваат парични бонуси и тоа од 1.500 до 5.000 евра во зависност од пласманот.