Душан Влаховиќ има фантастичен старт во новиот клуб, во Јувентус. Имено тој денеска е избран за играч не мсец февруари во Серија А и тоа од Здружението на тренерите во Италија. Се чини апсолутно заслужено.
Србинот во своето деби во дресот на Јуве против Верона беше стрелец, потоа му даде два гола на Емполи. Исто така постигна гол и во Лигата на Шампионите против Вилјареал, а тресеше и во Купот на Италија против Сасуоло.










