По серија од две победи, ракометарите на Келце загубија на гостувањето во Унгарија против Веспрем во еден од најинтересните дуели од 13. коло во ЕХФ Лигата на шампионите. Унгарскиот првак одигра одлично прво полувреме во кое и ја направи разликата од два гола, која на крајот се испостави дека е клучна за победата.
Веспрем славеше со 35:33 за седма победа сезонава со која им додеја зад грб на Барселона и ПСЖ кои се на второто и третото место на табелата. Вечерва одличен меч одииграа Мае и Ненадиќ кои завршија со по 6 погодока кај домашните, додека кај Келце со по 6 гола завршија Дујшебаев и Наи.
Во вториот вечлерва одигран меч ракометарите на Динамо (Б) на домашен терен беа убедливо совладани од ПСЖ со 39:31. Гребил со 5 гола беше лидер кај победниците.










