Македонската женска ракометна репрезентација одигра добар натпревар против Словенија на гости. За жал избраничките на Љубомир Савевски не успеа да дојдат до победа, беа совладани со минимални 29-28 за трет пораз во рамките на ЕХФ Купот. Македонија имаше на „тацна“ реми, но Гичевска не реализираше од седум метри.
Стојковска со осум гола од девет обиди беше прв стрелец, еден гол помалку имаше Гичевска, Ристовска застана на шест подоци, додека Јанеска на пет. По еден гол имаа Саздовска и Дабевска.
Први 15 минути за нашите ракометарки беа за заборав. Домашниот тим поведе со 4-1, а на средината на првото полувреме имаше плус пет (10-5). Ристовска, Стојковска, Јаневка и Гичевска, ја вратија Македонија на негатива од еден гол 11-10. На одморот „црвено-жолтите“ заминаа со резултат кој ветуваше многу повозбудливи минути (14-13).
Ристовска веднаш израмни на 14-14, нешто подоцна украде топка, Јанеска реализираше за прво водство на мечот, во 37 минута беше 18-19, а потоа и 19-20 и 22-23. Дуелот влезе во неизвесна битка на теренот. Токму по последното водство, Македонија не реализираше два напади, на другата страна Словенија, предводена од Грос, поведе со плус два (25-23) во 48 минута.
Ракометарките не се откажаа, противникот беше со играч помалку, па Саздовска и Гичевска израмнија на 28-28 во 57 минута.
Жулиќ зголеми на 29-28, по промашувањето на Грос, Гичевска не реализираше од седум метри за бод.
Реваншот меѓу овие две селекции се игра за три дена во Скопје.










