Докузовски имаше триумфално деби на клупата на Пеќ!

184

Марин Докузовски попладнево со победа го зачини своето деби на клупата на косовскиот Пеќ. Најтрофејниот македонски тренер во рамките на Унике лигата успеа да го победи заедно со својот нов тим, составот на Тирана 89-78.Со оваа победа тимот на Македонецот барем привремено се најде на чело на табелата.

Според извештаите од Косово, Марин Докузовски го добил овој натпревар најмногу поради одличното издание на неговиот состав во втората четвртина, тука била направена разликата.

Своето деби во шампионатот на Косово нашиот стратег ќе го има претстијниот викенд.

ПретходноГолема штета: Ракометарките пропуштија реми против Словенија (ФОТО)
СледноВлаховиќ избран за играч на февруари во Серија А!