Еден од најлошите НБА тимови го шокира Денвер

142

Еден од најлошите тимови на Западната конференција на НБА лигата Оклахома Сити го шокираше Денвер и впиша победа во „Бол арена“ во Колорадо (119:107). Аутсајдерот од Оклахома од стартот им покажа на Нагетс дека поседува квалитет и во првото полувреме се играше егал кошарка. Денвер на полувреме имаше поен предност, а во продолжение Тандерс заиграа подобро. Предводени од Гилджиус Александер кој уфрли 29 поени и Роби кој додаде 26 поени, Оклахома стигна до победа на ова гостување.

Кај Денвер најефикасен беше Никола Јокиќ кој даде 22 поени и имаше 16 скокови. Иако Србинот беше солиден, останатите не го следеа како што треба: Хајленд уфрли 19 и Форбс постигна 18 поени.

Денвер е шести на Западот со скор 36:26, додека Оклахома е претпоследна со ефект 20 победи и 42 порази.

Резултати

Денвер – Оклахома 107:119

Кливленд – Шарлот  114:122

Филаделфија – Њујорк   123:108

Хјустон – Јута  127:132 (по продолженијата)

Милвоки – Мајами 120:119

Њу Орлеанс – Сакраменто  125:95

Финикс – Портланд   120:90

ПретходноИ светскиот првак ја брани Украина: Мојата земја и гордоста се поважни од шампионскиот појас!
СледноПалмеирас е освојувач на Суперкупот на Јужна Америка (видео)