Македонското дерби во Бундес-лигата меѓу Жарко Пешевски и Филип Миркуловски заврши без победник. Штутгарт беше домаќин на оваа средба, Вецлар беше на чекор до триумф, но на 40 секунди до крајот прими гол за конечни 26-26 (10-12).
Пешевски запиша два гола од три обиди, на другата страна Миркуловски имаше еден погодок од исто толку обиди.
Штутгарт е на 15. место на табелата, додека пак Вецлар е на петата позиција.
Филип Кузмановски се враќа во форма. Македонскиот репрезентативец одигра добар меч против Лемго, но за жал Хановер на домашен терен беше совладан со 27-31 за 13. пораз оваа сезона.
Кузмановски натпреварот го заврши со четири гола од шест обиди, зад своето име запиша и една асистенција.
По 23. коло, Хановер се наоѓа на 14. место на табелата, има седум победи.










