Нова забрана – Русите исфрлени од видео-игрите ФИФА 22 и НХЛ 22

91

Продолжуваат санкциите кон руските спортски асоцијации од светските спортски случувања, а на тоа дојде и бизарна забана. Компанијата „ЕА Спортс“ потврди дека е во процес на исфрлување на руската репрезентација и руските клубови од видео-играта ФИФА 22.
„ЕА спортс“ е во солидарност на украинскиот народ и како многу други бараме мир и крај на инвазијата на Украина. Слично како и нашите партнери ФИФА и УЕФА, почнавме процес на отстранување на рускиот национален тим и руските клубови од ФИФА 22, ФИФА мобил и ФИФА онлајн“, соопшти компанијата.
Освен тоа „ЕА спортс“ ќе ги отстрани и руските и белоруските тимови од НХЛ 22, но засега нема да бидат исфрлени руските и белоруските играчи кои настапуваат во НХЛ лигата.

ПретходноВучиниќ: До својата 30-та година речиси да не тренирав, потоа почнав малку посилно…
СледноЛеонардо: Парите не се важни, поважно е Мбапе да сака да остане во ПСЖ