Савевски одбра за Словенија, Македонија по прв триумф во ЕХФ Купот

204

Македонската женска ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра првиот дуел против Словенија во рамките на ЕХФ Купот. Селекторот Љубомир Савевски и неговите избранички мечот го играат на гостински терен, додека реваншот е закажан за три дена подоцна во Скопје, истиот ќе се игра пред публика, влезот е слободен.

За првата средба предводникот на „црвено-жолтите“ нема да смета на голманката Матеа Чурлиновска, левото крило Сара Миновска, десното крило Теодора Дукоска и десниот бек Ива Младеновска. Своето деби во дресот на националниот том ќе го има Габриела Величковска, која игра за францускиот тим Кот Баске.

Македонија во првите две кола беше поразена од Црна Гора, против Словенија ја брка првата победа во ЕХФ Купот.

ПретходноТухел: Ситуацијата е сериозна и играчите ја разбираат
СледноНе се откажуваат: Одново се создава Супер-лига, овој пат ќе биде поинаква!