Супер вести за Србинот: Ѓоковиќ ќе може да настапи на Ролан Гарос!

422

Конечно убави вести за Новак Ѓоковиќ, довчерашниот бр.1 во светот на тенисот. Имено Србинот денеска дозна дека сепак ќе може да настапи на годинашниот Ролан Гарос, еден од најголемите тениски турнири во светот, еден од четирите Грен слемови.

Имено властите во Франција, како и речиси во цела Европа, ги олабавија ковид – мерките, што значи дека може во таа земја да влезат лица кои не поседуваат ковид – сертификати. Сето ова значи дека ако не се случи нешто непредвидено, тогаш Новак Ѓоковиќ ќе може да ја брани титулата на Ролан Гарос освоена лани.

ПретходноГаздата на Металист ја продава својата јахта, парите ќе ги донира за Харков
СледноУЕФА „УДРИ“ и по Белорусија!