Газдата на Металист ја продава својата јахта, парите ќе ги донира за Харков

438

Олександар Јарославски, еден од најбогатите Украинци и сопственик на фудбалскиот тим Металист, објави дека ја продава својата јахта, а парите ќе ги донира за Харков, градот кој е изложен на најголем удар од страна на руската војска во инвазијата над Украина.

„Драги граѓани на Харков, почнавме со хуманитарната програма за нашиот град. Првата донација за овој уништен град ќе бидат парите од продажбата на мојата јахта. Немаме време за јахти и мора да помогнеме да го обновиме градот“, изјави Јарославски.

ПретходноМакедонецот Андреас Трајковски постави неофицијален светски рекорд!
СледноСупер вести за Србинот: Ѓоковиќ ќе може да настапи на Ролан Гарос!