Ракометарите на ППД Загреб не успеаја да направат сензација на вечерашниот дуел со Кил во 13. коло од Лигата на шампионите. Иако гостите од Германија не беа во најдобро издание, Хрватите не успеаја да ја искористат предноста од три гола која ја направија во блескавото прво полувреме, па на крајот загубија со 28:27.
Загрепчани одиграа извонреден прв дел и успеаја да направат предност од 15:12. Во вториот дел Кил успеа да воспостави теренска контрола, стигна и до прва предност за 18:19, а потоа и до плус два 23:25 во завршницата на дуелот.
ППД Загреб се врати со неизвесен финиш, во кој успеа да израмни на 27:27, но во последниот напад гостите погодија за конечни 27:28.
Standings provided by SofaScore LiveScore










