Граџан: Не чека тешка борба, верувам дека ќе излеземе како победници!

115

Емир Граџан е еден од оние ракометари кој ја игра последната сезона во дресто на Е.Пелистер. Неговата желба и на соиграчите е да ја продолжат европската пролет и да ја вратат титулата во Битола.

За да стигнат во 1/4 финалето во Европската лига ќе мора да го минат Нексе, поточно на утрешниот реванш во Битола да ја анулираат негативата од три гола од првата осминафинална средба.

„Како што знаете сами, имаме две многу важни средби во април. Едната е да ја вратиме титулата во Битола со Вардар, но претходно играме реванш со Нексе во Европската лига. Ќе има многу борба, а ние ќе се обидеме да се вратиме од трите гола негатива. Се надеваме дека ќе бидеме победници. Во Хрватска одигравме динамичен натпревар. Треба да се очекува пеколна атмосфера, да ја искористиме предноста на домашен терен и да се вратиме од негативата која е три гола. Ни значи враќањето на капитенот, ама ова е колективен спорт. Периќ е лидер и капитен, па мислам дека може да ни помогне“, изјави Граџан.

ПретходноМЗТ Скопје Аеродром домаќин на заршниот турнир на АБА 2 лигата
СледноХајдук и Атанасов ќе играат пријателски меч со Шахтјор Доњецк