Деспотовски со Будва го освои Купот, па сега оди на двојна круна во Црна Гора

82

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Филип Деспотовски го освои првиот трофеј во Црна Гора оваа сезона, а наскоро почнува во трка за двојната круна. Деспотовски и Будва минатата недела славеа во финалето на Црногорскиот Куп против големиот ривал Будуќност во спектакуларен меч во пет сета со 3:2 и на тој начин успеаја да ја одбранат куп-титулата.

Деспотовски беше прв техничар на Будва и мечот го заврши со еден реализиран поен. По кусата пауза, пред Будва и нашиот репрезентативен „плеј“ е новата пресметка со подгоричани, овој пат во финалето на плеј-офот во националното првенство.

„Јас дојдов во Будва за Лигата на шампионите и заврницата во првенството и Купот. Првата цел е остварена со куп-титулата. Сега на ред е првенството. Мислам дека сме поквалитетни од Будуќност и дека ќе го потврдиме тоа на терен. Финалната серија почнува на 13 април, па до Велигден се надевам дека се ќе завршиме“, вели нашиот репрезентативец.

Будва во полуфиналето во два меча со по 3:0 го елиминираше Морнар, додека Будуќност исто така во два меча беше подобара од Галеб.

ПретходноОнана е нов член на Интер
СледноЕл Конфиденсионал: Абидал лажел при пресадувањето на црниот дроб