Ел Конфиденсионал: Абидал лажел при пресадувањето на црниот дроб

728

Екс играчот на Барселона, и репрезентативец на Франција, Ерик Абидал повторно е во центарот на вниманието поради непопуларни причини. По скандалот со неговата сопруга, па со неговата девојка и наводното насилство врз неа, сега Абидал според денешното издание на Ел Конфиденсионал е обвинет дека лажно го претставил човекор кој своевремено му помогна да му биде трансплантиран црниот дроб како негов роднина.

Според реномираниот медиум, човекот не само што не му бил роднина, туку органот бил купен од црниот пазар, а во сето тоа помогнал тогашниот челник на Барселона, Сандро Росел.

Абидал во тоа време имаше огромни здравствени проблеми и му беше потребна итна трансплантација на црниот дроб. На јавноста и беше презентирана верзија дека роднина на фурдбалерот се согласил да му помогне и да му биде трансплантиран дел од неговиот орган. Сепак, по се изгледа дека се било лага и дека донорот и Абидал воопшто не се роднини туку дека тој е скапо платен на црниот пазар.

ПретходноДеспотовски со Будва го освои Купот, па сега оди на двојна круна во Црна Гора
СледноСити го наградува Фоден со нов договор