Фрајбург и официјално испрати жалба за дуелот со Баерн Минхен, побара поништување на поразот 4:1, причината е добро позната. Германскиот шампион играше со 12 фудбалери.
Иако од таборот на Фрајбург најавија дека нема да се жеалат, сепак се предомислија.
„Се најдовме во несакана дилема. Фрајбург не учествуваа, ниту влијаеја на случките на теренот, но легалните и процедуралните правила на Германската фудбалска федерација (ДФБ) не приморуваат да имаме активна улога за легална проверка. По внатрешна дискусија во клубот и легални совети, бордот на Фрајбург реши да се жали на резултатот на мечот“, се вели во објавата на клубот.
Stellungnahme des Sport-Club Freiburg e.V. ⬇️ pic.twitter.com/bpgKj9hQVV
— SC Freiburg (@scfreiburg) April 4, 2022










