Гранатиран тренинг – комплексот на Шахтјар! (ФОТО)

866

Кога е војна тогаш се може да се очекува, па и да страдаат спортските комплекси, стадиони, арени и сали. Така е по агресијата на Русија и Украина, војна која се води веќе пет недели.

Инаку најново е тоа што гранатиран беше тренинг – комплексот на Шахтјар Доњецк, односно привремениот тренинг – центар на овој клуб кој се наоѓа во Киев, со оглед на тоа дека во Доњецк е хаос.

За среќа во тој момент кога паднала гранатата немало луѓе на теренот и воопшто во центарот. Инаку сеуште не се знае дали тие што ја испукале бомбата се Руси или Украинци.

Image

Image

Image

ПретходноНа 78 години почина легендарниот екс – југословенски кошаркар
СледноВетеранките на Гризли Баскет испишаа историја, експресно стигнаа до „елитата“