Одбојкарите на грчки Финикас чиј предводник е македонскиот стратег Јошко Миленкоски, не успеаја да направат уште една сензација во грчка одбојка. На завршниот Ф4 турнир во Глифада одржан викендов, Финикас во финалниот меч загуби од екипата на ПАОК со 3:0.
Тимот на Миленкоски кој игра сезона за историја во грчката одбојка, успеа да стигне до големото финале во кое ПАОК ги искористи сите грешки на Финикас и на крајот успеа да дојде до триумф. По мечот Миленкоски им честиташе на противничките одбојкари.
„Честитки за ПАОК. Играше подобро од нас и заслужено победи. Имавме шанси во вториот сет да израмниме, но во финалето загубивме со 33-31. Потоа психолошки паднавме, почнавме лошо во третиот сет и бркавме резултат. ПАОК денеска сервираше одлично, тешко ни беше на приемот и не можевме да ја играме нашата игра во нападот“, вели нашиот стратег, кој со Финикас успеа да го освои Суперкупот и сега е на пат да го поведе тимот во историска битка во плеј-офот во првенството.










