Инзаги: Победивме со зрелост и смиреност

48

Тренерот на Интер Симоне Инзаги е задоволен од победата која што неговиот тим ја извојува синоќа над Специја со 3:1 на домашен терен. Тој смета дека победата е постигната со зрелост и смиреност.

Ова е победа остварена со зрелост и смиреност. Знаевме дека нема да биде лесно. Игравме доста статично и не бевме многу подвижни во првото полувреме. Не ми се допаднаа и првите десет минути од вториот дел, бидејќи му дозволивме на противникот да создаде неколку шанси. Сепак успеавме навреме да се соземеме, и да дојдеме до посакуваната цел“ – изјави Инзаги па додаде.

„Важно е да имаме опции на клупата. Ги избрав првите двајца напаѓачи, знаејќи дека имам уште двајца на располагање, плус Фелипе Каиседо, кој полека влегува во форма. Ме радува фактот што сите напаѓачи можам да ги користам и како стартери и како џокери од клупа“ – вели Инзаги па ја искоментира и претстојната пресметка со Милан за Купот на Италија во вторник.

„Рано е да се прогнозира кој ќе стартува на овој меч. Пред тоа имаме три важни тренинзи. Секој има шанса да влезе во тимот“, заклучи Инзаги.

 

ПретходноМирчевски “тресе“ за ТСЦ Бачка Топола!
СледноБрајтон го “смрзна“ Тотенхем во 90.минута! (ВИДЕО)