Феенорд и Рома ќе играат во првото финале на Конференциската лига на УЕФА (ВИДЕО)

158

По цели 20 години пауза, фудбалерите на Феенорд ќе играат во едно големо европско финале и ќе имаат шанса да се борат за својот четврти европски трофеј во клупската историја. Холандскиот великан вечерва ја задржа предноста од првиот меч со Олимпик (М) играјќи нерешено 0:0 на гостувањето на „Велодром“ со што го потврди своето место во првото финале од новото УЕФА натпреварување, Конференциската лига.

Нивни противници во првиот финален меч на 25 мај во Тирана, Албанија, ќе им бидат фудбалерите на Рома, кои вечерва со еден гол го решија Лестер и успеаја да се изборат за место во битката за трофејот од третото по ранг европско натпреварување. Победничкиот гол за Рома беше дело на Тами Абрахам во 11. минута што беше и пресудно за триумфот на „волчицата“ по нерешените 1:1 во Англија.

УЕФА  Конференциска лига – полуфинале

Рома – Лестер Сити    1:0  (1:1)

Олимпик Марсеј – Феенорд   0:0  (2:3)

ПретходноСудии за ВМФЛ: Качевски ќе им суди на Вардар и Силекс, дерби кое се игра на Автокоманда
СледноЛЕ: Ајнтрахт по 42, Ренџерс по 14 години изборија европско финале (ВИДЕО)