Авторитетниот француски весник „Ле Паризиен“ објави дека продолжувањето на договорот на Килијан Мбапе со Пари Сен Жермен е на повидок, откако со забрзани разговори бил постигнат начелен договор меѓу двете страни.
Претставниците на напаѓачот, а особено неговите родители кои управуваат со неговите интереси, ја прифатиле понудата на претседателот Насер Ал-Келаифи и дале начелна согласност младиот француски репрезентативец и во следните 2 години да го носи дресот на ПСЖ.
Мбапе ќе заработува 50 милиони евра (нето) годишно, а ќе добие и бонус за потпишување на нов договор во висина од 100 милиони евра. Тој ќе потпише двегодишен договор со опција за плус уште една година.
Со оваа вест, како да паѓаат сите најави дека Мбапе и Реал (М) се договориле за соработка следната сезона. Сепак, ќе мора да се почекаат официјалните информации од сите страни.










