Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски со шест постигнати гола успеа да го врати неговиот Хановер на победнички патеки во финишот од сезоната во Бундеслигата.
Денеска во мечот до 29. Коло, Хановер славеше со 29:22 на гостувањето кај екипата на Мелсунген и со тоа успеа да ја оствари првата победа по два врзани порази. Тимот на Кузмановски останува на 14. место на табелата.










