Македонската фудбалска икона, Горан Пандев, поради повреда нема да може да го одигра својот последен првенствен натпревар во кариерата. Утре во рамките на последното коло од Серија Б лигата во Италија, неговиот тим Парма гостува кај екипата на Кротоне, но Пандев нема да настапи.
Од клубот попладнево објавија дека имаат доста проблеми со повредени фудбалери, меѓу кои е и нашиот ветеран, кој со оваа сезона ја завршува својата професионална фудбалска кариера. Пандев во јануари се пресели од Џенова во Парма, па во вториот дел од сезоната во Серија Б одигра 11 мечеви на кои постигна 1 гол.
Во јули нашиот најдобар фудбалер ќе полни 39 години.










