Прилеп издржа едно полувреме кај Пролет

65

Пролет дојде до седмата победа во битката за опастанок во Супер-лигата, откако на домашен терен го совлада Прилеп со 27-24 и ја задржа првата позиција на табелата во ова друштво.

Домаќинот се намачи во првото полувреме, во кое гостите одиграа речиси совршено, но паднаа во вторите 30. минути. Избраниците на Горан Кузманоски отворија со 2-6, некаде до средината на овој дел држеа темпо. Ракометарите на Пролет со серија од 4-0 поведоа со 9-8, на одморот беше 11-11.

Во второто полувреме сликата целосно се промени, домаќинот дојде на плус четири 16-12. Полека, но сигурно ја зголемуваше позитивата, не дозволи на противникот одново да се врати во оваа средба.

Џонов беше стрелец на девет гоола, Трајковски со седум погодоци беше најдобар кај гостите.

ПретходноГостивар не се предава – ТФТ „падна“ во „Младост“
СледноРистовска со два гола го потврди полуфиналето за ЦСКА (М)