Вечерва се одредени судиите за 32.коло во ПМФЛ. Мечевите се играат во недела, главен судија на супер- дербито меѓу Шкендија и Шкупи, кое се игра под Шара, ќе биде Александар Ставрев. Ова всушност ќе биде дуел меѓу досегашниот и новиот шампион на Македонија.Мечот меѓу А. Пандев и Работнички ќе го суди Стојанче Стојанов од Штип, додека оној во Ѓорче, на кој се среќаваат Македонија ЃП и Струга ТЛ, ќе го суди Игор Иванов од Велес.
Двојки и судии за 32.коло во ПМФЛ – недела (17 ч)
А.Пандев – Работнички: Стојанче Стојанов (Штип)
Шкендија – Шкупи: Александар Ставрев (Скопје)
Македонија ЃП-Струга ТЛ: Игор Иванов (Велес)
Брегалница – Тиквеш: Ндерим Тефику (Куманово)
Ренова – Скопје: Владимир Ѓорѓиевски (Битола)
Пелистер – Борец: Дејан Младеновски (Скопје)















