Доаѓаат во Аеродром: „Чкембари“ после 16 години ќе го бодрат Пелистер на гостински меч

614

Денеска во СЦ „Јане Сандански“ ќе се води битка за врвот на табелата во Супер-лигата, МЗТ Скопје го пречекува Пелистер во рамките петото коло. Актуелниот македонски првак има шанса бодовно да се израмни со битолчани, па токму затоа ова е причина во Скопје да допатуваат „Чкембари“ и од лице место да им дадат поддршка на своите кошаркари.

Ова е прво гостување на навивачката група „Чкембари“ на кошаркарски натпревар по 16 години.

Ќе биде спектакл, „Фемили“ како и секогаш ќе бидат на трибините во СЦ „Јане Сандански“, нивниот тим сакаат да го видат на врвот пред стартот на плеј-офот.

Дуелот се игра со почеток во 18 часот. МЗТ Скопје има 48 бода, еден помалку од Пелистер, па токму оваа разлика го прави овој дуел дополнително неизвесен. Битолчани имаат две победи против актуелниот првак во домашното првенство, додека МЗТ Скопје еднаш победи во АБА2-лига.

На втората средба Гостивар е домаќин на ТФТ, исто и оваа средба се игра во 18 часот.
ПретходноНавивач го испровоцира Дончиќ, Словенецот го држеа да не го нападне (ВИДЕО)
СледноВасоски отворено за Велкоски: Правилата за сите се исти!