Куртоа: Можеме да се одмориме, додека на Ливерпул ќе му биде многу потешко

345

Голманот на Реал Мадрид , Тибо Куртоа смета дека пласманот на неговиот тим во финалето од ЛШ е заслужен, а дека престстојниот дуел против Ливерпул ќе биде исклучително незвесен. Исто така смета дека Ливерпул ќе има потежок пат да се подготви за него. Мечот се игра на 28 мај во француската престолнина Париз.

„Ливерпул игра исклучителен фудбал оваа сезона, така што дефинитивно ќе имаме многу тежок дуел. Доброто за нас е што повеќе не играме за ништо друго и можеме да се одмориме пред финалето. Ливерпул од друга страна се бори за титулата во Премиер лигата, па ќе биде многу потешко за нив. Сепак, ќе продолжиме сериозно да тренираме и ќе направиме се за да победиме и да го освоиме трофејот во Лигата на шампионите“, додаде Куртоа.

ПретходноБарселона го купува бугарското чудо од дете (ВИДЕО)
СледноОвој човек е СУПЕРМЕН: Михајловиќ од денеска на тренинзи со Болоња!