По барањето на Шкупи, во недела на дербито од 32.коло во ПМФЛ во Тетово, да се дозволи присуство на фановите на овој клуб, како што дознаваме, Шкендија одговорила негативно. Тоа значи дека и покрај сите добри намери, и покрај сите укинати анти – ковид мерки, нема да има фанови на Шкупи, во недела на трибините на Градскиот стадион под Шара. И тоа дерби нема да биде дерби во вистинска смисла на зборот.
Неофицијално Шкендија се “правда“ дека нема услови да се обезбедат двете навивачки групи и дека овој натпревар е од висок ризик. И затоа според Шкендија, таа не дозволува присуство на организирана група на гостински навивачи.
Навистина по малку чудно, ако се знае дека во последно време во Македонија, во кошарката, во ракометот па и во фудбалот, гостинските навивачи се веќе виден и секојдневен декор во салите и на стадионите.
А требаше тоа да биде неделен фудбалски спектакл под Шара.
Шкендија – Шкупи, меч за 10.000 гледачи со две навивчки групи, требаше да биде фудбалско уживање.
Штета.















