Пандев поради повреда не може да го одигра последниот меч во кариерата

438

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев, поради повреда нема да може да го одигра својот последен првенствен натпревар во кариерата. Утре во рамките на последното коло од Серија Б лигата во Италија, неговиот тим Парма гостува кај екипата на Кротоне, но Пандев нема да настапи.

Од клубот попладнево објавија дека имаат доста проблеми со повредени фудбалери, меѓу кои е и нашиот ветеран, кој со оваа сезона ја завршува својата професионална фудбалска кариера. Пандев во јануари се пресели од Џенова во Парма, па во вториот дел од сезоната во Серија Б одигра 11 мечеви на кои постигна 1 гол.

Во јули нашиот најдобар фудбалер ќе полни 39 години.

ПретходноШест гола на Кузмановски во победата на Хановер
СледноХрватите најавија напуштање на АБА лигата: Ништо не добивме од учеството во оваа лига!