По една година пауза, Работнички се врати на шампионскиот трон. Одбојкарките на тимот од Дебар Маало, вечерва во уште една супериорна партија славеа со 3:0 во „мајсторката“ против бранителот на шампионскиот трон од минатата сезона, Јанта Волеј Кисела Вода, и ја потврдија доминацијата освојувајќи ја двојната круна.
Бранителките на тронот од лани, имаа огромна шанса да слават и оваа сезона освојувајќи го шампионскиот наслов, но по стартното водство од 2:0 во партии, дозволија да ги загубат следните две средби и да го вратат најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната во живот.
Работнички не ја пропушти шансата, се врати посилен и во серија од 3:0 во партии на крајот дојде до шампионскиот пехар.
ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФ (Ж)
ПЕТТИ МЕЧ (МАЈСТОРКА)
РАБОТНИЧКИ – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 3:0 (25:17, 25:14, 25:21) / 3-2










