Екипата на Струга на гостувањето кај Радовиш во рамките на осмото коло во плеј-аут лигата ќе биде без својот тренер, Наум Танески. Предводникот на овој клуб заработи суспензија од еден натпревар од страна Дисциплинската комисија при РФМ.
„На Танески Наум, тренер на РК Струга лиценца бр.5050, му се изрекува дисциплинска санкција, забрана на настап од 1 натпревар согласно член 112 од ДП на РФМ“, стои во билтенот на РФМ.
Членот 112 од Дисциплинската комисија вели тренер, кој непосредно пред натпревар, за време на натпревар или непосредно по натпреварот, на теренот или надвор од теренот, ќе се однесува грубо неспортски кон играч, друг тренер, делегат, судија, друго службено лице, или навивач, ќе се казни со забрана за вршење функција
до 10 натпревари, или со парична казна.
Оваа казна ја доби за мечот од 6. коло во кое неговиот тим одигра реми против Скопје на гости.










