Македонската репрезентација до 16.години попладнево на ФФМ во вториот меч од развојниот турнир на УЕФА успеа да слави над соодветната селекција на Косово и тоа по подобро изведување на пенали. Нешто слично како што беше на првиот меч со Таџикистан кога победивме по пенал – серијата.
Инаку денешниот меч во регуларниот дел заврши со резултат 1:1. Македонија поведе со голот на Димитријески, додека гостите израмнија во вториот дел со голот на Гашијан.
Инаку во пенал – серијата Македонија беше поуспешна со 4:3.
Да кажеме дека селектор на Косово е Арсим Абази, некогашбниот дефанзивец на Слога Ј и Вардар.
Македонија на денешниот меч настапи со: Ахтаров, Велков, Меличи, Стојкоски, Димитријевски, Елмас, Љубевски, Јовановиќ, Мемиши, Коцев и Младеновски. На клупата беа Вргов, Манојлов, Аејтовиќ, Подрадџа, Алији, Јакимовски и Блажевски.













