Откако денеска се појави информација дека хрватските екипи ќе ја напуштат АБА лигата и ќе се приклучат на Купот Алпе Адриа, се огласи и првиот човек на Хрватската федерација, Дино Раѓа.
„Ништо не сме решиле, но на седницата во вторник им понудивме на клубовите опција да играат во Лигата на шампионите, Еврокупот и Алпе Адриа купот и за се ќе бидат платени. Сега тие треба да одлучат, имаат седум дена за тоа. Така, следниот вторник се ќе знаеме. Секако, доколку се договорат, од следната сезона нема да можат да играат во АБА лигата. Тоа едноставно би било невозможно поради распоредот. Но, мислиме дека тоа би било одлично за хрватската кошарка. Што ни донесе АБА лигата во последните 20 години? Ништо. Живееме, постојано се бориме да опстанеме, а таа лига се претвори во полигон за Црвена звезда и Партизан да носат странци“, изјавил Раѓа.
Алпе Адрија купот е натпреварување која ги обединува тимовите од Хрватска, Чешка, Словачка, Австрија, Словенија и Полска, а е под капата на ФИБА.










