Миовски со гол за МТК во победата над шампионот Ференцварош (видео)

235

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше најзаслужен за победата на МТК на гостувањето кај шампионот Ференцварош во унгарското првенство. МТК славеше со 3:0, а Миовски влезе во игра во 58 минута, во 84. минута македонскиот напаѓач се запиша во листата на стрелци за 0:2, а шест минути подоцна пак му асистираше на Футаш кој погоди за конечни 0:3.
Спировски влезе во игра кај МТК во 71. минута.
МТК е претпоследен на табелата со 33 бода, но се уште има шанси да се спаси од испаѓање.

ХАЈЛАЈТС ОД МЕЧОТ НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноБутел Скопје во Кавадарци го осигура третото место
СледноТотре стави печат на титулата во Албанија (видео)