Вечерва се одиграа неколку натпревари од групната фаза на Лигата на нациите. Во најсилниот сегмент А играа Хрватска и Франција на „Пољуд“ во Сплит. Светскиот првак со комбиниран тим, без Јорис, без браќата Хернандез, без Кензема, Кунте, Гризман (влезе во вториот дел), а со Павар, Рабио, Дињ, Кимпембе од стандардните го одиграа мечот и за малку ќе победеа.
И Хрватите имаа неколку промени во составот, сепак, подобрата игра им донесе нерешен резултат. Французите поведоа со голот на Адриен Рабио во 52. минута, а изедначи Андреј Крамариќ од пенал во 82. минута.
А Словачка по победата над Белорусија во гости, очекуваше сигурни три бода против Казахстан на домашен терен. Но се случи спротивното. Словаците паднаа пред Казахстанците (0:1) и покрај тоа што беа многу подобар противник од ривалот. Два пати ја погодуваа стативата, имаа и неколку убави можности… Казахстанците во една од ретките шанси постигнаа гол и го сочуваа водството. Стрелец Дарабаев во 26. минута.
На другите натпревари Исланд-Албанија 1:1 (Тортеинсон 49′ – Сефери 30′), Летонија – Лихтенштајн 1:0 (Зјузинс 73′), Андора – Молдавија 0:0, Белорусиа – Азербејџан 0:0.
Мечот Австрија-Данска почна подоцна од другите затоа што на стадионот снема струја, па организаторот мораше да го одложи мечот за еден час.










