Кошаркарите на Голден Стејт успеаја да изедначат на 1-1 во финалната серија во НБА-лига. Вориорс не дозволија да им се повтори првата средба, го совладаа Бостон со убедливи 107-88 благодарение на Стеф Кари и Џордан Пул.
Кари на паркетот мина само три четвртини, постигна 29 поени. Во последниот период Голден Стејт веќе беше сигурен дека ќе дојде до победата, имаше двоцифрена предноста, која не ја „прокоцкаа“. Пул постигна тројка за плус 23, Бостон не успеа да се врати во игра. Овој период, Вориорс го добија со неверојатни 35-14.
Jordan Poole beats the Q3 buzzer!
The @warriors end Q3 on a 19-2 run 🔥 pic.twitter.com/jsPrjwODaK
— NBA (@NBA) June 6, 2022
Зад Кари беше Пул со 17 поени, на другата страна Татум имаше 28 поени, Браун застана на 17.










