Грузија со голема самодоверба пред мечот со Македонија: Одиме по целиот „плен“ во Скопје

951

Грузија, следниот противник на македонската фудбалска репрезентација во Скопје доаѓа со максимален скор, две победи на два одиграни меча. За првпат во последните 16 години, овој национален тим на два меча постигнал вкупно девет погодоци. Против Гибралтар славеше со 4-0, додека дуелот со Бугарија го доби со 2-5.

Селекторот Сањол и неговите момци го голема самодоверба доаѓаат во нашиот главен град.

„Мило ми е што првпат постигнавме толку голови по 16 години пауза. Тешко е да се анализира по натпреварот, но можам да зборувам за пристапот на фудбалерите, покажаа победничкиот менталитет. Среќни сме поради тоа – се додека се одржува овој менталитет, психолошкиот фактор, сигурен сум дека повторно ќе прикажеме слични добри игри.

Следниот меч го играме со Македонија. Нашата главна задача сега е добро да се одмориме, да ги вратиме силите и да го постигнеме посакуваниот резултат во Скопје“, изјави селекторот на Гурзија на прес-конференцијата по мечот со Бугарија. 

Дуелот меѓу Македонија и Грузија се игра на 9. јуни, противникот е лидер во нашата група со шест бода, два повеќе од „црвено-жолтите“.

ПретходноБобан Николов со највисока оценка за дуелот со Гибралтар
СледноЗураб Цинцадѕе и Хазеин Рустамов го засилија ГРК Охрид