Новак Ѓоковиќ ќе „падне“ на третото место на АТП листата

260

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оваа недела ќе остане на врвот на АТП-листата, но следниот понеделник ќе падне на третото место. Рафаел Надал го освои својот 14. Ролан Гарос во кариерата, а Новак испадна во четвртфиналето, што ќе донесе само поместувања на АТП-листата.

Со оглед на тоа што францускиот Грен слем стартуваше една недела подоцна од вообичаеното, промените ќе се случат дури на 13 јуни. Ѓоковиќ и оваа недела останува прв на АТП-листата, зад него се Медведев, Зверев, Надал, Циципас, Руд, Алкараз и Рубљов.

Наредниот понеделник врвот на АТП-листата ќе го преземе Данил Медведев, втор ќе биде Александар Зверев, кој тешко се повреди во полуфиналето на Ролан Гарос, а Ѓоковиќ ќе падне на третото место. Победникот на Ролан Гарос Рафаел Надал ќе биде четврти, а финалистот Руд петти.

ПретходноЗураб Цинцадѕе и Хазеин Рустамов го засилија ГРК Охрид
СледноРФМ ја достави пријавата на Вардар 1961 за настап во Лигата на шампиони