Реми меѓу Хрватска и Франција, Словаците паднаа пред Казахстан (видео)

161

Вечерва се одиграа неколку натпревари од групната фаза на Лигата на нациите. Во најсилниот сегмент А играа Хрватска и Франција на „Пољуд“ во Сплит. Светскиот првак со комбиниран тим, без Јорис, без браќата Хернандез, без Кензема, Кунте, Гризман (влезе во вториот дел), а со Павар, Рабио, Дињ, Кимпембе од стандардните го одиграа мечот и за малку ќе победеа.
И Хрватите имаа неколку промени во составот, сепак, подобрата игра им донесе нерешен резултат. Французите поведоа со голот на Адриен Рабио во 52. минута, а изедначи Андреј Крамариќ од пенал во 82. минута.


А Словачка по победата над Белорусија во гости, очекуваше сигурни три бода против Казахстан на домашен терен. Но се случи спротивното. Словаците паднаа пред Казахстанците (0:1) и покрај тоа што беа многу подобар противник од ривалот. Два пати ја погодуваа стативата, имаа и неколку убави можности… Казахстанците во една од ретките шанси постигнаа гол и го сочуваа водството. Стрелец Дарабаев во 26. минута.

На другите натпревари Исланд-Албанија 1:1 (Тортеинсон 49′ – Сефери 30′), Летонија – Лихтенштајн 1:0 (Зјузинс 73′), Андора – Молдавија 0:0, Белорусиа – Азербејџан 0:0.
Мечот Австрија-Данска почна подоцна од другите затоа што на стадионот снема струја, па организаторот мораше да го одложи мечот за еден час.

 

ПретходноГатузо следните две сезони на кормилото на Валенсија
СледноРоналдо на велосипедска тура од 500 км за пласманот на Ваљадолид во Ла Лига