Секако дека стратегот на Шкендија, Артим Шаќири по мечот со Арарат, беше задоволен од победата. Шкендија одигра добро, ја контролираше играта и таа победа од 2:0 е добар капитал шред реваншот. Сепак треба да се одигра и реваншот.
Шаќири по мечот изјави:
„Имаме два гола позитива, тоа е одличен резултат за нас. Иако можевме да победиме со поголема разлика. Секако дека е добро што не се тресеше нашата мрежа зошто тие имаа две добри шанси. Во глобала сум задоволен од нашата игра, но јасно е дека треба некои сегменти да се подобрат. Имаме доволно време да се спремиме пред реваншот во Ереван кој ќе биде тежок, но ние ќе се подготвиме“ потенцираше Шаќири.










