Висок пораз на Академија Пандев: Португалецот Флавио со хет-трик ги испрати струмичани (ВИДЕО)

1773

Фудбалерите на Академија Пандев доживеаја висок и убедлив пораз на гостувањето кај Лехија во Полска во првиот меч од првото елиминациско коло во УЕФА Конференциската лига. Полскиот тим славеше со 4:1 и со една нога зачекори кон втората рунда, без разлика што ќе се игра реванш во Скопје.

Мечот почна со една извонредна шанса на струмичани. Уште во првите 60 секунди, одземена топка во половината на Полјаците, одличен проток на топката се до шеснаесетникот на домашните, каде Митровски прими топка на гради, биеше од свртување, но за жал топката заврши само крај десниот дирек на домашниот голман.

Лехија веднаш возврати во следниот напад, но и тие не успеаја до изгледа ситуација да реализираат. Потоа она што никој не го очекуваше. Жестоки пресметки меѓу домашните навивачи на трибините, по што судијата веднаш ги повлече фудбалерите во соблекувалната.

По скоро 40 минутната пауза мечот продолжи. Лехија беше подобра, направи притисок и со голот на Флавио во 16. минута успеа да поведе со 1:0. Академија Пандев имаше неколки полуконтри, но на крајот изостана реализација.

Во 23. минута убав обид на Марко Ѓорѓиевски од далечина, но шутот мина крај голот. Смао две минути подоцна, лошо поставена офсајд замка, која Флавио ја искористи со одлична асистенција за Зволински кој го мина голманот Јовановски и на празна мрежа погоди за 2:0. Ништо подобро не беше и во продолжението. Домашните на секој начин се обидуваа да стигнат до трет гол, што им успеа во 40. минута, кога Флавио и вторпат успеа да им побегне на дефанзивците на Академија Пандев и да го матира Јовановски за 3:0. Истиот фудбалер во 43. минута имаше шанса и за хет-трик, но лобот му заврши над голот на Академија Пандев.

Во второто полувреме иста слика на теренот. Лехија почна да притиска уште од првата минута од продолжението. Сепак, најубавата шанса ја имаше Академија Пандев. Струмичани во 56. минута по една одлична астистенција на Митровски, дојдоа во нова 100% шанса за гол, која и овојпат Марко Ѓорѓиевски не успеа да ја претвори во првенец на европската сцена.

Неверојатниот Флавио вечерва, во 66. минута го запиша својот трет гол. Португалецот од косо од левата страна испрати „бомба“ во мрежата на Јовановски за 4:0. Само три минути подоцна Флавио ја погоди и стативата од голот на Академија Пандев.

Струмичани, конечно, по неколку пропуштени зрели прилики, во 81. минута по добро изведен корнер преку Јоковиќ успеаја да ја затресат домашната мрежа и да намалат на 4:1.


УЕФА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА – 1.коло (квалификации)

ПРВ НАТПРЕВАР:

ЛЕХИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 4:1 (3:0)

Полсат Плус Арена во Гдањск. Судија: Лафорже (Бел).

Стрелци: Флавио 17’, 40’ и 66’, Зволински 25’ (ЛЕХ) – Јоковски 81’ (АКА). Ж. Картони: Налепа, Гајос (ЛЕХ) – Јоковиќ, Митровски, Илиев (АКА)

ЛЕХИЈА: Куцјак; Пиетржак, Малока, Налепа, Стец (Коперски 90’); Конрадо (Клеменс 71’), Калужински, Гајос (Кубицки 78’); Терацино (Сезониенко (79’), Флавио (Дурмуш 72’), Зволински

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Јовановски; Димов, Јоковиќ, Илиев; Ивановски, Митровски (Донов 78’), Усман (Крстевски 90’), Мартин Ѓоргиевски (Томовски (65’), Шаркоски; Велиновски (Трајков 90’), Марко Ѓорѓиевски (Пандев 66’)






 

ПретходноАртим Шаќири: Одличен резултат за нас, но има и реванш во Ереван!
СледноЏо Гомез потпиша нов договор со Ливерпул