Еден од трите синови на тренерот Диего Симеоне, Џулијано Симеоне е нов фудбалер на Сарагоса. 19-годишниот офанзивец доаѓа од Атлетико Мадрид, а договорот е на позајмица за сезоната 2022/23. Во новиот клуб тој ќе го носи дресот со број 20.
Сарагоса се натпреварува со Сегунда, втората лига на Шпанија.
Инаку тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне има уште два сина, 27-годишниот Џовани кој игра во Верона и Џанлука за шпанскиот третолигаш Ибица.










