Британецот Џо Салисбери неговиот партнер Американецот Раџев Рам се заканија со штрајк поради еден момент за време на мечот против француското дуо Махут и Роже-Васелин на Вимблдон.
Во вториот сет, противниците одбработија бекхенд, а Салисбери го остави топчето мислејќи дека е аут, а судијата го покажа спротивното. Судијата се потрпе на „хок-ај“ системот кој покажа дека топчето завршило на линијата што значи дека поенот го добиваат Французите.
На тоа остро реагираше Салисбери:
„Изгаснете ја таа машина. Нема да играме додека не ја изгаснете. Очигледно е дека греши. Нема шанси топчето да завршило во поле. Доведете ми го организаторот“.
По неколку минути потпаролот на турнирот објасни дека неосновани се обвинувањата на тенисерот и дека мечот мора да продолжи.
„Човеку, очигледно е дека машината греши. Нема шанси топчето да завршило внатре. Изгледа ќе треба сите да одиме на очен преглед“, додаде Салисбери.
По неколку минутна конверзација, страстите се смирија и мечот продолжи.
Салисбери и Рам го добија дуелот на крајот.










