Илија Несторовски и официјално уште една година ќе го носи дресот на Удинезе. Иако имаше неколку понуди, иако му заврши договорот со тимот од Удине, Нестор сепак одлучи да остане на “Фриули“.
За тоа дали е среќен и задоволен што останува во клубот, тој за ТВ Удине покрај другото го кажа и следното…
„Секако дека сум среќен затоа што останав во голем клуб. По три години авантурата продолжува. Ме радува тоа што и моите деца се воодушевени. Кога ги прашав во кој клуб да одам…тие ми одговорија: Удинезе! Удинезе! Сакаат да останат тука, тука во Удине им е добро, а и мене ми е добро. По повредата факт е дека тешко се враќам во тимот, но сега тоа е минато. Сега сите почнуваме од нула што се вели, ќе тренирам максимално со цел на тренерот да му покажам дека може да смета на мене“ истакна Македонецот во дресот на Удинезе.










