Рибакина против Жабер во финалето на Вимблдон!

67

Во сабота во женското финале на Вимблдон ќе се сретнат Јелена Рибакина од Казахстан и Онс Жабер од Тунис. Двете победнички во денешнити полуфиналиња славеа против Симона Халеп (Романија) и Татијана Мариа (Германија).

Прво Жабер ја победи Мариа со 2:1 во сетови (6:2, 3:6 и 6:1), а предмалку Рибакина славеше со Халеп со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3). И за Рибакина и за Жабер ова ќе биде прво финале на некој Гренслем турнир.

Утре на програмата се машките полуфиналиња.

ПретходноПолудиригираната ждрепка за претквалификациите за ЕП 2025 е закажана за 14 јули
СледноНесторовски: Кога ги прашав децата во кој клуб да одам…тие ми одговорија: Удинезе! Удинезе!